Интер планира да испрати подобрена понуда до Аталанта за ангажман на Адемола Лукман, објави „Газета дело Спорт“. Првата понуда од 40 милиони евра, која беше испратена неодамна од страна на клубот од „Џузепе Меаца“, беше одбиена, бидејќи Аталанта бара најмалку 50 милиони евра за својот играч. Очекувањата се дека разговорите меѓу двата клуба ќе продолжат со засилен интензитет во следните денови.
Интер сака да биде чекор пред конкуренцијата, бидејќи интерес за Лукман изразил и Наполи, и покрај тоа што веќе ги засили своите редови со Ноа Ланг од ПСВ и Лоренцо Лука од Удинезе.
Според италијанските медиуми, постои веројатност двете страни да се договорат за трансфер вреден околу 45 милиони евра, но конечната разврска се очекува во наредната недела или две.
Лукман има важечки договор со Аталанта до 2027 година и неговата моментална пазарна вредност се проценува на околу 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













