Connect with us

Интер остана без Ачерби до крајот на годината

Дефанзивецот Франческо Ачерби може да го пропушти остатокот од календарската година со италијанскиот клуб Интер, откако доби повреда на бутниот мускул при поразот со 0-1 од англискиот Ливерпул во натпревар од Лигата на шампионите.

Ачерби беше заменет во 31. минута, а клубот потврди за повредата.

„Франческо Ачерби утринава помина лекарски прегледи и беше потврдено дека има истегнат мускул на десниот бут“, соопшти Интер.


Со повреда е и Хакан Чалханоглу, кој исто така беше принудно заменет и нема да игра против Џенова в недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови