Црвена Звезда не можеше да парира на Барселона и загуби во Белград со 2-5. Левандовски беше двоен стрелец, а погодија и Ињиго Мартинез, Рафиња и Фермин Лопез. Звезда исто така постигна два гола, преку Салас и Милсон.
Интер го победи Арсенал со 1-0, со голот од пенал Хакан Чалханоглу, а и Баерн Минхен со минимален резултат 1-0 славеше против Бенфика. Џамал Мусијала во 67.минута го постигна победничкиот погодок за баварскиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи ПСЖ во Париз со 1-2, а победничкиот гол го постигна Анхел Кореа во 93.минута. Аталанта на гости беше подобра од Штутгарт со 0-2.
Салцбург на гости го победи Феенорд со 1-3. Брест игра одлично во ЛШ оваа сезона и ја победи Спарта Прага на гости со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













