Лидерот во Серија А, Интер, го претстави своето прво засилување во зимскиот преоден рок. Станува збор за 24-годишниот канадски играч за врска Тејон Бјукенан, кој доаѓа од Клуб Бриж и воедно е првиот репрезентативец на својата земја во историјата на елитниот италијански фудбал.
„Нероаѕурите“ ќе платат 7 милиони евра плус уште еден во вид на можни бонуси за правата на играчот кој ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона. Договорот на играчот е до летото 2028 година.
За канадската репрезентација Бјукенан има 35 натпревари и четири постигнати гола. Оваа сезона има 20 настапи со три гола и четири асистенции во сите натпреварувања за Клуб Бриж.
Welcome 🇨🇦#ForzaInter #WelcomeTajon
— Inter (@Inter) January 5, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













