По денешните киксови на Милан и Наполи, му се отвори можност на Интер да ја преземе лидерската позиција, а „нероаѕурите“ тоа го искористија на најдобар можен начин.
Во вечерашниот натпревар од 15. коло на Серија А, Интер како гостин славеше над Џенова со 1-2 и сега е на врвот на табелата со 33 бодови, пред Милан со 32 и Наполи со 31 бод.
Интер одлично го започна мечот и поведе уште во шестата минута. Лаутаро Мартинез на десната страна успеа да стигне една топка која речиси ја помина гол-аут линијата, веднаш ја проследи до Бисек, а тој од околу 13–14 метри, искосо од десната страна, шутираше по земја и го погоди поблискиот агол за 0-1.
По асистенцијата, Лаутаро се запиша и во листата на стрелци. Се играше 38. минута, акцијата на Интер се развиваше по левата страна, Лаутаро влезе во шеснаесетникот и од околу 12 метри упати силен и прецизен удар во мрежата, за 0-2.
Овој резултат значително му ја олесни работата на Интер во продолжението, но Џенова не се предаде. Во 69. минута домаќините изведоа брз контранапад по левата страна, кој го реализираше Витиња, откако го заобиколи голманот Зомер.
Во финишот од натпреварот Џенова ги фрли сите сили во напад, а во судиското продолжение добар обид имаше Кубан, но неговиот удар го скроти сигурниот Зомер. До крајот немаше нови опасности пред голот на гостите, па Интер заслужено ги освои трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













