Connect with us

Интер доби понуда од 100 милиони евра за да рекламира порно-сајт на дресот

Италијанскиот калчолигаш Интер ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а доби неверојатна понуда за реклама на најголемиот меч. Интернет страница со порно содржини е подготвена да плати 100 милиони евра за да добие рекламна позиција на дресот на „нероаѕурите“.


Ова откако Интер без спонзор го одигра и полуфиналниот двомеч со градскиот ривал Милан. Спонзорот кој се наоѓаше на дресот на Интер е отстранет затоа што не ги исполнил своите финансиски обврски.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Истанбул на 10 јуни, а порно сајтот му нуди 100 милиони евра на Интер за да биде рекламиран до 2029 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови