 
																												
														
														
													Европската Суперлига го вознемири светот на фудбалот и првиот обид беше загушен од УЕФА за неполни 48 часа. ФИФА јавно застана со поддршка зад УЕФА, но дали во реалноста се крие сепак нешто друго.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зазеде радикален став на Конгресот на УЕФА во Монтро, но претходно имаше многу „пријателски однос“ кон клубовите што се обидуваат да формираат ново елитно европско натпреварување.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека Инфантино можеби е двоен играч.
„Вистината не е баш таква, како што ја прикажува Инфантино. Сакам да биде појасен околу тоа што мисли и што ќе направи со овој проблем. Имам сериозни сомнежи за неговите постапки“, изјави Тебас за шпанските медиуми.
Францускиот медиум „Ле Монд“ објави документи кои докажуваат дека Инфантино бил вклучен во разговорите за Суперлигата, го знаел целиот тек на приказната и не ја информирал УЕФА.
Инфантино го гледа својот дел од оваа глобална стратегија, да создаде Светско првенство за клубови со многу поголем награден фонд.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														