
Повредата на Деклан Рајс не е сериозна и играчот од средниот ред ќе му биде на располагање на менаџерот на Арсенал, Микел Артета, за саботниот натпревар против Борнмут.
Англискиот интернационалец беше заменет на полувремето од дербито со Тотенхем, а вчера му беше извршен детален лекарски преглед, кој покажа дека проблемот не е сериозен.
Рајс сè уште страда од непријатност во грбот и затоа најверојатно нема да учествува во пресметката со Брентфорд во Карабао купот в среда. Сепак, сè треба да биде во ред за викендот.
Истото важи и за Леандро Тросар, кој го пропушти дербито поради мала повреда на мускулот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
