Македонската репрезентација до 21 години денеска во Нион ги дозна противниците во квалификациската групата за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021 година. Нашата селекција е во Групата 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казакхстан и Фарски Острови.
„Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Противниците, со исклучок на Шпанија, не се атрактивни, но секако имаат квалитет и ќе ја бараат својата шанса за добар пласман. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел“ – вели селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски.
Распоредот на натпреварите на Македонија до 21 година од квалификациите за ЕП:
10. септември 2019: Македонија – Фарски Острови
10. октомври 2019: Црна Гора – Македонија
15. октомври 2019: Македонија – Казахстан
14. ноември 2019: Шпанија – Македонија
19. ноември 2019: Фарски острови – Македонија
26. март 2020: Македонија – Израел
31. март 2020: Израел – Македонија
08. септември 2020: Македонија – Шпанија
08. октомври 2020: Казакхстан – Македонија
13. октомври 2020: Македонија – Црна Гора
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski