Со години трае сагата меѓу познатиот фудбалер Мауро Икарди и неговата сега веќе поранешна сопруга и агентка Ванда Нара, која ја „киднапираше“ од својот поранешен соиграч Макси Лопез.
Нова етапа во нивната врска се создаде поради контроверзниот спот на познатиот пејач Л-Ганте, во кој Ванда е главна актерка.
На аргентинскиот напаѓач не му се допаднаа сцените од видеото, па реши да го напушти фудбалот на одредено време и веднаш замина од Истанбул, каде моментално живее и игра за Галатасарај, во својата татковина за да се расправа со поранешната сопруга.
Според една верзија на приказната, Икарди добил дозвола од Галата за овој потег, според друга, тој решил по своја волја да го напушти Истанбул и да ја доведе во прашање својата понатамошна кариера во турскиот гигант. Поради ова, можно е многу брзо да биде отпуштен.
Интересно, токму Ванда како агент на Икарди го „испрати“ својот клиент во Галатасарај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal