 
																												
														
														
													Фудбалерите на Ливерпул ја започнаа претсезоната со пријателски натпревар против Престон Норт Енд, но фудбалот беше во втор план поради емотивниот момент што го обележа почетокот на дуелот.
Домаќините од Чемпионшип организираа трогателна церемонија во чест на починатиот напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред неколку дена, на само 28-годишна возраст.
Играч на Престон положи венец пред трибината каде што беа сместени навивачите на Ливерпул, додека во позадина се слушаше емотивната химна „You’ll Never Walk Alone“. Стадионот го исполни тишина и аплауз – симбол на почит и солидарност.
Во трагедијата животот го загуби и неговиот брат Андре Силва Жота, исто така професионален фудбалер.
Диого Жота беше дел од Ливерпул четири и пол сезони, за време на кои стана миленик на публиката и постигна бројни важни голови. Неговата посветеност, енергија и страст кон фудбалот засекогаш ќе останат во срцата на фановите на „Енфилд“.
Овој чин уште еднаш покажа дека фудбалот е повеќе од игра – заедништво, почит и човечност.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														