
Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Милан на тренерска функција, тврдат од „Football Italia“. 42-годишниот Швеѓанец може да ги преземе „росонерите“ заедно со поранешниот дефанзивец на тимот, Инасио Абате. Оваа опција би станала актуелна доколку сегашниот тренер Стефано Пиоли се раздели со тимот.
Доколку Пиоли биде отпуштен, најверојатното сценарио е актуелниот тренер на младинската екипа Абате да биде промовиран во тренер на првиот тим, при што Ибрахимовиќ ќе му се приклучи како асистент и врска со сопственикот Џери Кардинале.
Златан Ибрахимовиќ беше фудбалер на Милан до летото кога објави дека се повлекува од фудбалот. Тој сега се враќа во клубот од „Сан Сиро“ како советник за спортски прашања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
