
Американскиот сопственик на Челси, Тод Боели, своевремено не успеа да го доведе Кристијано Роналдо, кога го презеде клубот од Роман Абрамович, немаше речиси никакви шанси да дојде до Лионел Меси, но не се откажува од намерата да има барем една супер-ѕвезда во својот тим.
Најновата идеја на Боели е да се обиде на „Стемфорд бриџ“ да го донесе Килијан Мбапе.
Познато е дека тој има несогласувања со раководството на ПСЖ и дека не замина со тимот на турнејата во Азија поради тоа што не сака да потпише нов договор со клубот, а „светците“ му дадоа ултиматум според кој ќе го продадат доколку не ја продолжи соработката.
Но, не се прашува само ПСЖ, туку и Мбапе. Па така, Французинот одби да се пресели во Саудиска Арабија, иако Ал-Хилал нудеше неверојатни суми, 300 милиони евра отштета за ПСЖ и фантастични 700 милиони евра за едногодишен договор за Мбапе.
Сега Челси и Тод Боели се вклучуваат во трката за Французинот, иако јасно е дека главен фаворит е Реал Мадрид. Желбата на Мбапе одамна е да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
