 
																												
														
														
													Атлетико Минеиро беше поразен синоќа на гостински терен од Баија со 2-1, но целата фудбалска јавност зборува за неверојатниот погодок на Хулк, кој го постигна најубавиот гол во кариерата.
Двете екипи се сретнаа во 13. коло од бразилската Серија А, а победникот беше одлучен дури во 98. минута од натпреварот.
Првото полувреме помина без голови, иако имаше неколку солидни шанси. Но, во вториот дел следеше вистинска фудбалска драма.
Баија одлично го започна второто полувреме и поведе во 53. минута со гол на Луисијано Јуба, кој ја затресе мрежата на гостите.
Се чинеше дека тоа ќе биде и конечниот резултат, но судиското продолжение донесе вистински пресврт.
GOL OLÍMPICO DO HULK!!!!!!!! GOLAÇO!!!!!!!
— DataFut (@DataFutebol) July 13, 2025
pic.twitter.com/JIBXoJFFxy
Во 91. минута, Атлетико Минеиро се врати во игра, благодарение на фантастичен гол на 38-годишниот Хулк, кој ја покажа својата класа. Тој директно од корнер ја испрати топката во мрежата, постигнувајќи еден од најспектакуларните голови во неговата кариера.
Иако изгледаше дека Минеиро ќе се извлече со бод, Баија имаше последен збор. Во 98. минута, Мишел Араухо, кој штотуку беше влезен во игра, погоди за 2-1 и донесе ерупција на трибините со победничкиот погодок.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														