
Два месеци затвор и еден дополнителен месец условно, доби хулиганот кој го удри голманот на шпанскиот клуб Марко Дмитровиќ на натпреварот од Лига Европа меѓу ПСВ и Севилја. Станува збор за 20-годишен навивач осуден за напад на српскиот голман и за прекршување на забраната за влез на стадионот што му ја изрече Холандската фудбалска федерација. Локалните власти му забранија и да се приближува до стадионот на ПСВ.
Осудениот веќе имал две пресуди поврзани со фудбалот, а обвинителите истакнале дека на 23 февруари, кога го удрил Дмитровиќ, бил под дејство на алкохол. Инцидентот се случи во 92. минута од реваншот. Тој взлета на теренот и го удри Дмитровиќ, но српскиот голман успеа да го совлада.
Дмитровиќ го совлада напаѓачот, го собори на тревникот и го чуваше додека не дојдоа редарите и не го изнесоа од теренот.
УЕФА покрена дисциплинска постапка против ПСВ поради влегување луѓе на теренот и сигурно ќе биде казнет и холандскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
