Во првите вечерашни натпревари од петтото коло на Лигата на шампионите, Пафос во финишот извлече бод против Монако со 2-2, додека Копенхаген на домашен терен го победи Каират со 3-2.
Возбудливо беше на Кипар, каде Монако на крајот ја испушти победата, откако Пафос сосема заслужено се избори за бод.
Веќе во петтата минута, Монако изведе прекрасна акција по десната страна, која ја заврши Минамино по асистенција на Аклиуш за водство од 0-1.
Пафос брзо возврати — во 18. минута Оршиќ центрираше од корнер, а Давид Луиз со глава ја закова топката за 1-1.
Но, Монако повторно брзо поведе. По очајно додавање и подарена топка од голманот на Пафос, Балогун погоди за 1-2.
Гостите можеа да дојдат и до поубедлива предност, откако промашија неколку изгледни шанси.
Во вториот дел, Пафос мораше да тргне офанзивно, а во 53. минута Андерсон Силва беше блиску до гол, но голманот Храдецки одлично интервенираше.
Во самиот финиш, Пафос имаше огромна шанса — по внесена топка од аут, на одбиената налета Оршиќ, но Храдецки повторно го спаси својот тим.
Потоа следуваше целосен хаос. Во 88. минута по корнер од левата страна, Шуњиќ шутираше со глава, Храдецки одбрани, но топката по одбиток од пречката се удри во играч на Монако и заврши во мрежата за 2-2.
Копенхаген на крајот со големи маки ја оправда улогата на фаворит против Каират пред својата публика.
По првото полувреме, Дадасон беше единствениот стрелец — во 26. минута ја искористи асистенцијата на Роберт.
Во продолжението, Копенхаген ја потврди победата: во 59. минута Ларсон од пенал ја зголеми предноста на домаќините.
Се чини дека сè е решено во 73. минута кога Роберт погоди за 3-0.
Но, Сатпаев во 81. минута го намали резултатот за Кајрат. Во финишот Југ Станоев имаше голема шанса да постигне и втор гол за гостите и да го внесе мечот во драматична завршница, но голманот Котарски блесна со извонредна одбрана.
Потоа во 90. минута Каират успеа да намали преку Бајбек, но тоа беше сѐ — Данците на крајот стравуваа, но сепак ги освоија трите бода.
По вечерашните натпревари, Монако и Пафос имаат по шест бода и се на 22. и 23. место, Копенхаген со четири поени се искачи на 29. место, додека Каират остана претпоследен со само еден бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Јувентус остана заробен во мразот во Норвешка
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Млади репрезентации
Македонија до 15 години со пораз на првиот тест против Србија













