Харви Елиот, младиот фудбалер на Ливерпул кој заработи сериозна повреда на вчерашниот меч против Лидс Јунајтед е отпуштен од болница, но, сепак, веќе утре ќе мора да прави операција на глуждот.
Елиот остана на земја по дуелот со Паскал Струијк, а реакцијата на сите на теренот веднаш сугерираше дека се работи за сериозна повреда. Тинејџерот од Ливерпул веднаш беше пренесен во клиничкиот центар во Лидс, а по првите прегледи во неделата вечерта, беше пуштен дома чекајќи операција.
Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса, вели дека ова е несакан инцидент.
„Паскал тргна по топката, но ми се чини дека некои движења што ги направи со остатокот од телото при одземањето на топката влијаела на ногата на Елиот. Сигурен сум дека тој не сакаше тоа да се случи. Исклучително ми е жал што се случи ова, тој е толку млад играч и игра на многу високо ниво, а сега ќе мора да паузира. Се надевам дека ќе може да се врати на терените што е можно побрзо“, изјави Марсело Биелса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













