Connect with us

Ханси Флик суспендиран, а Јамал и Левандовски добија парични казни од УЕФА

УЕФА изрече низа казни за Барселона поради инциденти за време на реваншот со Интер во полуфиналето од минатогодишното издание на Лигата на шампионите, пренесува „Марка“.

Фудбалерите Ламин Јамал и Роберт Левандовски добија глоби од по 5.000 евра затоа што не се појавиле веднаш по завршувањето на натпреварот на местото предвидено за антидопинг контрола.

Потешки санкции добија тренерот Ханси Флик и неговиот помошник Маркус Зорг – тие се суспендирани на еден натпревар и казнети со по 20.000 евра поради непристојно однесување за време на средбата на „Џузепе Меаца“.

Клубот, пак, ќе плати уште две казни: 5.250 евра поради фрлање предмети од страна на гостинските навивачи и дополнителни 2.500 евра за користење пиротехника.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови