Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази задоволство од пресвртот и освоените три бода на гостувањето кај Овиедо. Каталонците мораа да се помачат, но успеаја да победат со 1-3. Клучна улога одиграа резервистите што влегоа во игра, особено Роберт Левандовски и Френки де Јонг.
„Затоа се тука. Во првото полувреме игравме добро, иако тие постигнаа гол, но имавме многу шанси. На полувреме им кажав на момците дека треба да продолжиме, да играме смирено и сигурно со топката – и тоа добро го направивме. Се разбира, ги направивме измените во вистински момент, со Френки и Леви, и успеавме да ги освоиме трите бода“, изјави Флик.
Една од тактичките детали што ги истакна беше ефикасноста при прекините.
„Тоа секогаш е важно. Тие се бранеа многу добро, се обидуваа да го блокираат секој удар и кога играш против таков тим, не е лесно, па затоа во вакви ситуации прекините се многу потребни“, додаде Германецот.
Флик ја минимизира грешката на Жоан Гарсија, која доведе до голот за 1-0 за домашните, и јасно порача:
„Ова е стилот што сакаме да го играме и такви нешта можат да се случат, тоа е сè што можам да кажам. Тој е фантастичен голман, кој ја штити нашата последна линија и секогаш брани одлично. Се случи грешка и тие ја искористија, но тоа е фудбал и најважно е што победивме.“
„Очигледно е дека имаме неколкумина повредени, но тоа покажува дека летово беше завршена добра работа, бидејќи имаме играчи што можат да ги заменат. Мислам дека со Рафиња е во ред, треба да почекаме, но верувам дека сè е добро.“
За Ханси Флик тоа беше 50. победа на клупата на Барселона, покрај осумте ремија и деветте порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













