
Ерлинг Халанд одигра монструозен меч за Манчестер Сити и постигна пет гола за еден час игра против Лајпциг во Лигата на шампионите, во триумфот од 7-0. Но, менаџерот Пеп Гвардиола го повлече од игра многу рано и најверојатно не му дозволи да стане единствениот во историјата со шест или повеќе голови на еден натпревар од елитното европско клупско натпреварување.
Вака, Халанд е третиот фудбалер во историјата кој постигна пет гола на еден натпревар во ЛШ, покрај Лионел Меси и Луиз Адријано.
„Му реков на Пеп дека сакав да дојдам до двоен хет-трик, што можев друго?“, изјави Халанд по голгетерското шоу.
„Победа од 7-0 и мои пет гола, навистина сум среќен. Искрено, не се ни сеќавам како ги дадов головите. Јас сум фокусиран да упатам шут најдобро што можам, другото не е моја работа. Се радувам за тимот, навистина сѐ функционираше беспрекорно“, истакна Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
