
Пеп Гвардиола признава дека неговиот престој во Манчестер Сити јавноста ќе го оценува според тоа дали ќе успее да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Вечерва „граѓаните“ го пречекуваат Лајпциг во реванш дуелот од осминафиналето на ЛШ, откако првата средба во Германија заврши 1-1. Иако Гвардиола има освоено многу титули за време на неговиот престој на „Итихад“, тој признава дека ќе му се „суди“ дали конечно може да ја донесе долгоочекувиот трофеј во Лигата на шампионите.
„Не значи дека се согласувам со тоа, но дефинитивно ќе ни се „суди“ според ова натпреварување. Секој тим во оваа фаза има многу квалитети и многу силни страни. Ние ѕреба да ја наметнеме нашата игра и да го направиме тоа што треба да го направиме. Не се работи за тоа колку голови треба да постигнеме, важно е само да го добиеме натпреварот, тоа е она што треба да го направиме“, изјави Пеп Гвардиола.
Сепак, Гвардиола нагласува дека сите три натпреварувања во кои Манчестер Сити продолжува да се натпреварува се важни.
„Навистина е важно да се биде „жив“ во последните неколку месеци од сезоната. Не познавам ниту еден тим, менаџер или играч кој игра во натпреварување и се труди да не победи. Никогаш не сум сретнал таков човек. Сите сакаат да победуваат, тука нема исклучок. Така е и со Манчестер Сити, а ние веќе ги навикнавме фановите на победи и на титули“, додаде Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
