Темни облаци надвиснаа над Манчестер Сити по мечот со Нотингем и покрај тоа што „граѓаните“ победија со 0-2. Проблемите се поврзани со повредата на стартниот голман Едерсон, кој беше заменет на полувремето.
Бразилецот го напушти стадионот со специјален завој на левото рамо, а Пеп Гвардиола призна дека неговата состојба не е добра. Едерсон денеска ќе биде подложен на дополнителни тестови, но тој е неизвесен за последните четири натпревари на Сити во сезоната.
„Не изгледа добро“, кратко изјави загрижениот Гвардиола по мечот со Нотингем.
Едерсон ја заработи повредата во 35. минута и лекарскиот тим мораше да влезе на теренот за да му укаже помош. На паузата сепак стана јасно дека нема да може да продолжи и на негово место влезе Стефан Ортега. Бразилецот веќе пропушти неколку недели во март поради повреда.
Манчестер Сити, кој заостанува еден бод зад лидерот Арсенал, но има еден одигран натпревар помалку, ќе се соочи со Вулверхемптон на „Итихад“ следниот викенд, пред дуелите со Фулам, Тотенхем и со Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













