Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше победата на неговиот тим со 1-2 на гостувањето кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите. За каталонскиот стратег ова беше 14. победа во вкупно 28 натпревари против „кралевите“.
„Можевме да одиграме и подобро. На овој стадион е многу тешко да се игра. Петмина или шестмина од нашите фудбалери беа тука за првпат. Треба да бидеме задоволни од победата, особено од аспект на освоените поени. Веќе имаме 13 и местото во првата осумка е во наши раце. Нашата цел е да завршиме во топ 8“, изјави Гвардиола.
„Го започнавме натпреварот со грешки, но очекував Реал да нè притиска повисоко, а тие се повлекоа длабоко, што ни создаде проблеми. Родриго, Винисиус, Белингам, тоа се одлични фудбалери. Нивната брзина е закана, затоа не можеш да останеш само напред, мораш да помагаш и во одбрана“, потенцираше стратегот на „граѓаните“.
„Статистиката на Халанд зборува сама за себе. Треба почесто да го вклучуваме во игра. Во последните натпревари се губеше, па мора да најдеме начин да го користиме повеќе“, призна Гвардиола.
„Сè уште не сме подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите. Далеку сме од тоа. Во февруари ќе бидеме во подобра состојба“, заклучи менаџерот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени
Евро-фудбал
Спалети: На моменти играта ни беше срамна
Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Ќе помине и овој тежок период
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













