Connect with us

Гвардиола: Ова е неприфатливо, не знам како преживеавме

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја критикуваше програмата на ФА Купот, откако неговиот тим го победи Челси со 1-0 и се пласираше во финалето, само три дена откако претрпе пораз на пенали од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Голот на Бернардо Силва го спаси Сити од испаѓање од турнирот, а Челси може да жали што не искористи барем некои од многуте шанси што ги создадоа играчите.

Сити, кој беше без напаѓачот Ерлинг Халанд, го немаше вообичаеното темпо и, и покрај тоа што стигна до уште едно финале, а Гвардиола беше очигледно лут поради недостатокот на време на неговиот тим да се рекуперира и одмори по испаѓањето од Лигата на шампионите во средата.

„Неприфатливо е! Не е нормално за здравјето на играчите. Не е нормално! Неприфатливо е! 120 минути, емоциите против Мадрид, начинот на кој губиме… Знам дека оваа земја е посебна со ФА Купот, но ова е важно за здравјето на играчите, не разбирам како преживеавме“, коментираше Гвардиола.

Гвардиола не разбира зошто натпреварот на Манчестер Сити против Челси не беше презакажан за в недела на местото на полуфиналниот дуел на Манчестер Јунајтед со второлигашот Ковентри Сити, откако ниту една од тие екипи немаше натпревар во средината на неделата.

„Зошто не игравме ден подоцна? Челси, Манчестер Јунајтед, Ковентри немаа натпревари во средината на неделата“, праша тој.


„Толку е тешко да се опоравиме. Родри со начинот на кој играше, Кајл Вокер кој беше повреден неколку недели, не разбирам како преживеаја“, заврши Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови