Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека е многу важно неговиот тим утревечер добро да ги започне натпреварите во Лигата на шампионите, пред натпреварот против Лајпциг во првото коло.
„Лајпциг е секогаш многу добар. Имаат силна филозофија. Имаат млади играчи, динамични и физички силни. Одиме чекор по чекор”, изјави Гвардиола на денешната прес -конференција.
Манчестер Сити ќе игра утре од 21 часот на домашен терен против Лајпциг, во натпреварот од првото коло во групата А во Лигата на шампионите. Во вториот натпревар во таа група, Клуб Бриж истовремено ќе се сретне со Пари Сен Жермен во Белгија.
Манчестер Сити минатата сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде беше поразен од Челзи со 0-1.
„Играте 13 натпревари во Лигата на шампионите. Ние победивме 11 минатата сезона и загубивме само еден. Луѓето рекоа дека не успеавме. Мислам дека бевме неверојатно добри, но не го освоивме пехарот. Ништо не е загарантирано, ако бевме исклучително добри минатата сезона, дека ќе бидеме и оваа сезона. Прво треба да победиме утре. Го загубивме финалето против добар противник. Ќе се обидеме повторно, но секој тим сака да го освои трофејот“, додаде шпанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













