Манчестер Сити наводно планира сензационален потег кој би можел да му помогне во борбата за титулата во Премиер-лигата.
По убедливата победа од 3-0 против Ливерпул во домашното првенство, Манчестер Сити сега се наоѓа на второто место на табелата, веднаш зад Арсенал.
„Топчиите“ ја држат лидерската позиција по одиграни 11 кола и во моментов имаат четири бодови предност во однос на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ го освежија тимот во текот на летото и доведоа вкупно седум нови играчи, меѓу кои Донарума, Черки, Ајт-Нури, Трафорд и Рејндерс.
Новите информации од Англија велат дека Пеп Гвардиола сака во јануарскиот преоден рок да донесе уште едно големо засилување.
Манчестер Сити е многу заинтересиран за доведување на Тино Ливраменто од Њукасл. Пеп Гвардиола верува дека овој фудбалер совршено би се вклопил во стилот на игра на неговиот тим.
Како што тврдат британските медиуми, Њукасл не сака да го продаде Ливраменто, а фудбалерот има договор со клубот до 2028 година.
Сепак, постои начин раководството на клубот од „Сент Џејмс Парк“ да прифати договор, а многу ќе зависи токму од Пеп Гвардиола.
Наводно, Гвардиола е подготвен да му понуди на Њукасл — Трафорд плус пари, а токму Трафорд е голема желба на овој клуб.
Трафорд пристигна на „Етихад“ минатото лето, но недолго потоа дојде и Донарума, кој стана прва опција меѓу стативите.
Се смета дека Њукасл е сè уште многу заинтересиран за Трафорд и дека се подготвени да го доведат во јануари.
Така, Гвардиола би можел да го искористи во размена за Ливраменто, но ќе мора да понуди и дополнителни пари за играчот на Њукасл.
Поранешниот играч на академијата на Челси е многу поливалентен и лесно игра и на левата и на десната страна од одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













