Connect with us

Гвардиола: Халанд веќе е на нивото на Меси и на Роналдо

Менaџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека статистиката на Ерлинг Хaланд може да се спореди со онаа на двајцата најголеми фудбалери во историјата – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Во неделата, норвешкиот напаѓач постигна свој четврти последователен „дaбл“ на домашен натпревар во Премиер – лигата, помагајќи им на „граѓаните“ да го совладаат Борнмут со 3-1. Со тоа, Холанд стана само третиот играч во историјата кој постигнал два или повеќе гола на четири последовни домашни натпревари во англиската елита — подвиг што претходно го успеале само Роби Фаулер (1995/96) и Луис Суарез (2013, со пет натпревари по ред).

„Секако, одигравме одлично. А Ерлинг повторно беше клучен“, изјави Гвардиола. „Малку е како кога играте со Меси или Кристијано – нивното влијание е огромно.“

На прашањето дали Хaланд веќе го достигнал нивото на тие легенди, Гвардиола одговори:


„Ги гледате бројките на овој човек? Да, секако дека е на нивното ниво кога станува збор за голови. Разликата е во тоа што Меси и Роналдо го прават тоа веќе 15 години. Меси и денес постигнува по два-три гола по натпревар во МЛС лигата, истото важи и за Кристијано во Саудиска Арабија. Но, Халанд е на тоа ниво и без него би ни било многу потешко.“

Со најновите погодоци, Халанд е само два гола далеку од бројката од 100 голови во Премиер – лигата, а одиграл само 107 натпревари. Доколку го достигне тој праг наскоро, ќе го собори рекордот на Алан Ширер, кој за истото достигнување му беа потребни 124 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови