
Пеп Гвардиола не престанува да размислува за потенцијални засилувања за тимот на Манчестер Сити, иако минатата сезона со англискиот клуб освои сѐ. Еден од клучните играчи на Гвардиола за време на доминацијата на Сити во англискиот фудбал во изминатите сезони беше Кевин де Бруин.
Некогаш разочарување во Челси, Белгиецот стана еден од најдобрите играчи од средниот ред досега под водство на каталонскиот тренер и освои апсолутно сè. Сепак, Де Бруин има 32 години и сѐ почесто се повредува, па Гвардиола наводно веќе ја промашол неговата долгорочна замена.
Тоа е 12 години помладиот германски репрезентативец и офанзивец на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, кој своевремено настапуваше за помладите селекции на англиската репрезентација.
Манчестер Сити нема да брза да го доведе, но неодамна скаутите на клубот во живо го следеле Мусијала во Лигата на шампионите и јасно е дека е високо на листата на желби на шампионот на Англија.
Во последната сезона, Мусијала се истакна и постигна 16 гола и забележа исто толку асистенции. Тој го постигна најважниот гол во последното коло од Бундес-лигата против Келн за триумф и со тоа ги скрши срцата на навивачите на Борусија Дортмунд, носејќи нова титула на Баерн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
