Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е убеден дека неговата екипа мора да победи на сите преостанати натпревари за да ја одбрани титулата во Премиер – лигата. Вчера „граѓаните“ победија со 0-2 на гостувањето кај Нотингем Форест и заостануваат еден бод зад лидерот Арсенал, но имаат и натпревар помалку.
„Мислам дека Арсенал нема да испушти бодови до крајот. Ситуацијата е слична на онаа кога ние и Ливерпул се бркавме до последното коло. Ни остануваат уште четири натпревари. Ако ремизираме во еден од нив, нема да станеме шампиони“, изјави Гвардиола.
„Против Нотингем беше повеќе од тешко. Но, тоа не нѐ изненади. Како да поминаа само неколку часа од натпреварот со Брајтон. На овој стадион Ливерпул победи во 99. минута, Арсенал победи со 2-1, па и нам не ни беше лесно. Моравме да патиме за да ги освоиме трите бода. Во последниот половина час, кога Бернардо Силва играше покрај Ковачиќ во средниот ред, подобро го контролиравме натпреварот“, изјави Пеп.
„Имавме среќа што теренот беше толку сув, поради што противникот пропушти неколку шанси. Среќни сме со победата и веќе гледаме кон следниот натпревар“, потенцира Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













