Германскиот интернационалец Илкај Гундоган со 32 години сѐ уште е една од клучните компоненти на Манчестер Сити. Неговиот договор со шампионот на Англија истекува на крајот од оваа сезона, а менаџерот Пеп Гвардиола не е подготвен да се откаже од него и ќе му биде понудено продолжување на соработката до 2025 година.
Гундоган дојде во Сити во 2016 година од Борусија Дортмунд за 21 милион фунти. Тој одигра 169 натпревари и постигна 38 голови.
Четири пати ја освои Премиер – лигата, четири пати Лига Купот на Англија, а има и еден трофеј во ФА Купот.
Финансиските детали сѐ уште не се обелоденети, но нема сомнеж дека Гундоган ќе биде задоволен од понудените услови и дека ќе го носи најмалку уште две и пол сезони небесносиниот дрес на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













