Гранит Џака е отворен за трансфер во Сандерленд, но тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, има сосема поинаков став и, според информациите, токму тој го блокирал евентуалниот договор.
Како што објави „Билд“, Џака веќе постигнал личен договор со Сандерленд, кој понудил 10 милиони евра за неговите услуги. Сепак, Баер Леверкузен го смета тој износ за недоволен, бидејќи за 32-годишниот плејмејкер бара најмалку двојно повеќе.
Агентот на Џака, Хозе Ногера Родригез, вчера изјави дека клубот дал дозвола за преговори. Но, Тен Хаг не се согласува со тоа.
„Не ме интересира што вели агентот. Овој клуб веќе продаде тројца клучни играчи. Не можеме да си дозволиме уште еден да замине. Тоа би ја нарушило структурата и културата на тимот“, изјави Холанѓанецот.
Тренерот дополнително истакна колку е важен Џака за тимот.
„Тој е лидер. Има уште три години од договорот и е премногу важен за нас“, рече Тен Хаг.
Швајцарскиот репрезентативец минатото лето потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен, каде што има клучна улога во средниот ред. Тој пристигна од Арсенал во 2023 година и беше незаменлив дел од шампионскиот тим на Чаби Алонсо. Ова лето, на незадоволство на новиот тренер, клубот веќе ги загуби Џереми Фримпонг, Џонатан Тах и Флоријан Вирц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













