
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е уникат на Балканот. Тој е единствен фудбалер од поранешна Југославија кој има постигнато 100 гола во Серија А. „Гранде Мачедоне“ на мечот против Беневенто постигна два гола и стигна до фантастично остварување – 100 гола во елитното италијанско натпреварување.
На второто место од балканските фудбалери е Црногорецот Мирко Вучиниќ со 96 гола, а од активните играчи Јосип Иличиќ би можел да го достигне Пандев со оглед дека досега зад своето име има запишано 93 гола.
Един Џеко е четврти на балканската листа на стрелци во Италија со 85 гола.
Горан Пандев најмногу голови постигна во дресот на Лацио (48), потоа следи неговиот сегашен тим Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
