Вардар е на апарати, едвај живурка, а Град Скопје нема намера да го спасува. Барем така може да се заклучи од изгалањето на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Тој порача дека нема намера да ги изложува граѓаните на трошоци за фудбалскиот клуб Вардар.
„Вардар е даден како што е даден, со десетгодишен договор во кој што инвеститорот си има свои обврски. Јас немам намера граѓаните на градот Скопје да ги изложам на трошоци од 3,5 милиони евра коишто сега се во моментот, но и 5-6 милиони евра колку што чини клубот годишно“, изјави првиот човек на Град Скопје.
Претходно, тренерот на Вардар, Александар Васоски, апелираше до Град Скопје да се обиде да го спаси Вардар од фниансискиот крах кој му претстои на полусезоната.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













