Поранешниот тренер на Вардар и в.д.селектор на националниот тим Гоце Седлоски ќе биде нов тренер на Шкупи. Тој се договорил за двегодишна соработка со тимот од Чаир и ќе го преземе тимот веќе на следниот првенствен натпревар против Борец во Велес.
По експериментите со турски стратези, Шкупи сфати дека треба да постави македонски тренер кој добро ги познава состојбите во македонскиот шампионат, а Седлоски со Вардар покажа дека е подготвен за освојување на трофеи и за успешен настап на европска сцена.
Седлоски најверојатно уште денеска ќе го води тренингот на Шкупи, а ќе дебитира на неделниот натпревар против Борец. Се очекува во текот на денот и официјална потврда за неговиот ангажман и од клубот од Чаир.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski