Македонскиот прволигаш Гостивар го претстави првото засилување во зимскиот преоден рок. Клубот доведе искусен голман од Турција. Се работи за 29-годишниот Ертен Ерсу кој во пролетниот дел од сезоната ќе брани за Гостивар. Тој потпиша договор на една и пол година со Гостивар.
Ертен Ерсу потекнува од академијата на Фенербахче, а потоа настапувал и за Коњаспор и за Газијантеп. Ерсу е поранешен младински репрезентативец на Турција.
Гостивар во пролетниот дел од сезоната ќе има и нов шеф на стручниот штаб, турскиот стратег Исмаил Аталан. Тимот вчера ги стартуваше зимските подготовки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













