Работнички во премиерата на 26.коло од Првата фудбалска лига утре (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Пелистер. По триумфот над Борец, тимот на Александар Влахо ќе се обиде да продолжи во позитивен тренд и на мечот со битолчани.
Дефанзивецот Драшко Ѓорѓевиќ верува дека Работнички може да дојде до нов успех доколку одигра на потребното ниво и ги реализира на теренот поставените задачи од шефот на стручниот штаб.
„Пелистер е одличен тим, а посебно добри резултати остварува во пролетниот дел од сезоната. Заслужуваат максимален респект, но од друга страна ние сме мотивирани да продолжиме со добри игри. Верувам дека можеме да ја оствариме целта доколку ги преточиме во дело на теренот поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Одиме од натпревар во натпревар и си поставуваме цел да бидеме подобри од претходниот настап“, вели Ѓорѓевиќ за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













