Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски би можел да седне на клупата на Беласица и да се обиде да го спаси струмичкиот прволигаш од испаѓање. Раководството на клубот има огромна желба да го доведе искусниот стратег кој бара сепак и мало реновирање на играчкиот кадар.
Беласица е убедливо на последната позиција на табелата во Првата лига, освои само девет бода во есенската полусезона и ќе биде потребно можеби и чудо за да успее да обезбеди опстанок. Пелистер, кој во моментот е на десеттата позиција, која носи бараж за опстанок, има двојно повеќе бодови (18). Но, Беласица очигледно нема намера лесно да се предаде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП













