Connect with us

Гордан Петриќ заминува од клупата на Партизан

Тренерот на српскиот прволигаш Гордан Петриќ поднел оставка на функцијата откако неговиот тим вчера беше елиминиран од Конференциската лига на УЕФА. „Црно-белите“ загубија со 1-3 од Шериф Тираспол, иако имаат предност од еден гол (0-1) во првиот меч.


Како дополнителна причина за својата одлука Гордан Петриќ го навел „влошувањето на неговата здравствена состојба поради постојаниот стрес на кој бил изложен претходните месеци“.

Гордан Петриќ понудил оставка и сакал веднаш да го напушти тимот, но потоа попуптил и ќе остане на клупата мартовската репрезентативна пауза, кога клубот би ангажирал нов тренер.

Ова значи дека Гордан Петриќ сепак ќе ги води „црно-белите“ в недела против Раднички Крагуевац, но и на „вечното дерби“ против Црвена Звезда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови