
Офанзивецот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, ќе мора да паузира подолг период.
Мароканецот заработи повреда во првото полувреме при победата над Реал Сосиедад (0-2), а по медицинските прегледи беше утврдено дека го чека долга пауза.
По деталните прегледи, дијагностицирана е потешка повреда на адукторот, поради која ќе биде надвор од терените до крајот на 2024 година.
Ова е голем проблем за Карло Анчелоти, бидејќи Брахим Дијаз имаше важна улога во ротацијата, особено по заминувањето на Хоселу.
Мароканецот оваа сезона настапи на шест натпревари, но главно од клупата, со вкупно 126 минути на терен, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
