Connect with us

Голедата во Торино влезе меѓу рекордите во Лигата на шампионите

Јувентус и Борусија Дортмунд во Торино одиграа спектакуларно реми 4-4 во првото коло од Лигата на шампионите. Првото полувреме помина без голови, но второто донесе вистинска фудбалска голеада со осум погодоци.

За Дортмунд голови постигнаа Адејеми, Нмеча, Коуто и Бенсебаини, додека за Јувентус стрелци беа Јилдиз, Влаховиќ двапати и Лојд Кели за драматично израмнување во 96. минута.

Ова полувреме ќе остане запаметено како едно од најатрактивните во историјата на Лигата на шампионите. Досега вакво нешто се случило само еднаш, кога Баерн Минхен го декласираше Динамо Загреб со 9-2, со ист број на голови во едно полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови