Шкупи и Академија Пандев одиграа голеада (3-3) во Кичево, а актуелниот првак пропушти и втора шанса да се искачи на врвот на табелата. Тимот од Чаир имаше 3-2 до пред крајот, но младиот Трајков во 90.минута погоди за израмнување.
Составот на Гоце Седлоски поведе со голот на Реналдо Цефас во 12.минута, но потоа следуваше добар период за гостите. Ване Крстески со прекрасен гол израмни на 1-1 во 27.минута, а Агрон Руфати направи пресврт во 36.минута.
Но, и тоа не беше сѐ. Шкупи израмни веќе во следниот напад со голот на Мамаду Данфа, а Валид Хамиди во последните мигови од првиот дел повторно донесе предост за 3-2.
Сепак, резервистот Трајков во финишот искористи една шанса и донесе важен бод за Академија Пандев.
Работнички беше убедлив против ФК Скопје во Велес и славеше со 4-0. Крсте Велковски постигна хет-трик, а последниот погодок беше дело на Гандо Биала.
Останатите натпревари од 21.коло во Првата фудбалска лига се играат утре: Брегалница – Шкендија, Победа – Силекс, Македонија ЃП – Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













