
Шампионот Шкендија славеше со 3-5 во голеадата на арената „Тодор Проески“ против Работнички. Уште во втората минута голема грешка направи Захов, го прескокна топката, а Марио Станковски го потврди голот. Шкендија израмни во 19.минута со погодокот на Вандерсон да Силва, а со голот на Рубин Хебај, по слабата интервенција на Јанков, во 42.минута направи пресврт.

Ѓурѓевиќ во 69.минута израмни на 2-2, Валдмир Нафиу во 81.минута донесе ново водство за Шкендија, а потоа стрелаше и Арменд Алими од слободен удар. Работнички остана со играч помалку поради исклучувањето на Кировски, Јевтовски од слободен удар намали на 3-4, а Бесарт Ибраими го потврди триумфот за конечни 3-5.
Македонија ЃП го совлада Пелистер со 3-0. Во третата минута, Робсон да Силва со удар од далечина и по слабата реакција на Давор Талески донесе водство за „лавовите“. Во 83.минута, Боби Божиновски, исто така со удар од далечина, зголеми на 2-0. Во финишот, Фернандо постигна трет гол за убедлив триумф на камбекот на тренерот Александар Таневски во Ѓорче Петров.

Струга Трим Лум не успеа да слави против Шкупи играјќи 0-0 и сега повторно заостанува три бода зад Македонија ЃП.
Борец го совлада Вардар со 2-0 во Велес. Тимот на Џиџи Илиевски е премногу слаб за прволигашка конкуренција. Борец поведе со голот на Александар Мишов во 15.минута, а триумфот го потврди Мурат Адили во 82.минута од дуелот.
Силекс очекувано освои важни три бода на гости (1-3) против последнопласираниот тим на Беласица. Пепи Ѓоргиев со удар со глава по корнерот од левата страна донесе водство во 13.минута, а Беласица израмни четири минути подоцна од пенал. Реализатор беше Бенјамин Демир. Сепак, Силекс славеше со головите на Давид Манасиевски во 68.минута и на Свилен Штерев во 86.минута.
Академија Пандев и Ренова одиграа 1-1. Даниел Миловановиќ донесе предност за „пандевци“ во 25.минута, но на почетокот на вториот дел по една лоша интервенција на Марко Јовановски, Ренова успеа да израмни.
ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-5
БОРЕЦ – ВАРДАР 2-0
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 3-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА 1-1
БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 1-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета
