 
																												
														
														
													Виктор Ѓокереш е непоколеблив во желбата да се приклучи на Арсенал и ја одбил понудата од Манчестер Јунајтед. Швеѓанецот мисли исклучиво на „топчиите“, а како и неговите агенти, меѓу кои е и Хасан Четинкаја, вестите за „црвените ѓаволи“ ги доживуваат како притисок од Спортинг. Сепак, договор меѓу „лавовите“ и клубот на Рубен Аморим постои, што најавува продолжение на сагата.
Манчестер Јунајтед издвоил помеѓу 70 и 80 милиони евра за да се обиде да го ангажира Виктор Ѓокереш, а договорот со Спортинг е блиску, бидејќи структурата на зделката одговара на барањата на „зелено-белите“.
Трансферот во Арсенал, да потсетиме, е на раб на пропаѓање, како што објави „А Бола“ во саботата навечер. Спортинг бара 80 милиони евра – ни цент помалку. Поради тоа, и затоа што лондончани понудија 63,5 милиони евра, плус 10 милиони евра во форма на бонуси, агентот на фудбалерот, Хасан Четинкаја, се откажал од својата провизија (околу 7 милиони евра), но сè се одложило поради променливите услови поврзани со учинокот, кои „лавовите“ сакаат да бидат реалистични и лесно остварливи. Постојат клаузули за 20 натпревари со бонус од по 2,5 милиони, кои се сметаат за лесно остварливи, но има и други цели кои сè уште не им се допаѓаат на раководните луѓе на Спортинг.
Од минатиот понеделник, кога на „Жозе Алваладе“ пристигна споменатата понуда, Арсенал не дал никаков сигнал до Спортинг, кој сега се насочува кон опцијата Манчестер Јунајтед, каде што Ѓокереш би можел повторно да се здружи со тренерот Рубен Аморим.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														