Шкендија е подготвена за реваншот против Мура и се надева дека ќе успее да возврати со иста мера за поразот (0-1) во Скопје. Тренерот Ернест Ѓока се надева дека тимот ќе одигра многу подобро, а посебно дека ќе биде поефикасен од првиот меч и ќе ги искористи шансите што ќе ги создаде.
„Дефинитивно веруваме во пласман понатаму. Имавме лоша среќа што не успеавме да го најдеме патот до голот на првиот меч иако создадовме многу шансите. Мура е физички силен тим, не се случајно шампиони на Словенија. Но, ние веруваме во нашите квалитети и во триумф. Од тимот побарав две работи, да биде поагресивен и да биде хируршки прецизен пред голот, што значи дека во Словенија ќе треба да ги користиме шансите стопроцентно“, изјави Ернест Ѓока.
Реванш мечот меѓу Мура и Шкендија е закажан за вечерва (20 часот) на стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота, а ќе го суди Марсел Бирсан од Романија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal