
Шкендија го совлада Работнички со 3-5, но тренерот Ернест Ѓока е сериозно загрижен поради големиот број голови што ги прими неговиот тим.
„Овој натпревар како резултат е убав, но јас сум сериозно малку вознемирен затоа што изградивме тим кој треба да биде многу повнимателен. Трите гола што ги примивме од Работнички навистина се многу, не сме примиле толку на не знам колку натпревари досега. Значи, тука треба да бидеме внимателни. Ова го велам затоа што целата наша филозофија, особено во Европа, е тактичката дисциплина. Сепак, да не заборавиме дека за противник имавме еден од најсилните тимови во шампионатот. Работнички ни создаде многу проблеми и на претходните два натпревари оваа сезона. Тие се многу добар тим, посебно тактички, бидејќи не оставаат многу простор за игра. Останува да го одработиме максимално сериозно и останатиот дел од шампинатот“, изјави Ернест Ѓока.
Во следното коло, Шкендија на домашен терен го пречекува составот на Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
