
Македонската фудбалска репрезентација го почувствува теренот на најголемиот стадион во Казахстан, кој има капацитет од 30.000 гледачи и вештачка подлога. Иако новите услови бараат адаптација, од националниот тим порачуваат дека тоа нема да биде пречка во мисијата – позитивен резултат.

Клучните фудбалери како капитенот Енис Барди, Елиф Елмас, Столе Димитриевски, Бојан Миовски, Џани Алиоски и Дарко Чурлинов тренираа со полн интензитет на последната проба пред натпреварот.

Зад затворени врати, селекторот Благоја Милевски ги поставуваше последните тактички детали за утрешниот дуел против Казахстан.

И тој утре нема да биде на клупата, но неговите ученици испитот мора да го положат. За да изгледа Мундијалот 2026 многу поостварлив…





-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
