
Џенаро Гатузо вечерва против Естонија во Бергамо дебитира како селектор на Италија во квалификациите за Светското првенство, а „аѕурите“ се во многу тешка ситуација. Три и пол месеци откако замина од Хајдук, Гатузо ја предводи Италија во борбата за СП, откако Италијанците ги пропуштија последните две Светски првенства.
Тоа претставува огромен удар за фудбалска нација како Италија, а на тоа се надоврза и лошиот старт во актуелните квалификации – Италија ја победи само скромната Молдавија со 2-0, додека беше тешко поразена од Норвешка со 0-3. Поради тоа, селекторот Лучано Спалети доби отказ, а неговото место го зазеде поранешниот тренер на Хајдук.
Гатузо откри како се чувствува пред првиот натпревар на клупата на Италија.
„Немам време за емоции, премногу е одговорност на моите плеќи. Можеби ќе почувствувам нешто за време на химната, кога ќе ги видам родителите на трибините или ќе помислам на сестра ми. Но, нема да спијам поради мислите – за тоа што направив денес и што ме очекува утре – а не поради емоции.“
Тој откри и како ќе игра неговата Италија.
„Треба да постои понизност. Ако се направи грешка во додавање, тогаш треба да размислуваш како тим и да ја исправиш грешката. Ароганцијата служи за да се проба потежок потег – и ако не успее, нема проблем, се додека ништо не се подарува. Грешки можат да се случат, но кога ќе се направи, не смее да се запреш, мислејќи дека соиграчот ќе ја поправи наместо тебе.“
Гатузо истакнува дека во националниот тим е потребен посебен пристап.
„Со репрезентацијата секогаш мора да се размислува за победа – чисто или нечисто, но постои само еден менталитет: не да сме убави, туку нечисти. Така е отсекогаш за Италија: чувство на припадност, помагање, никогаш да не се откажеш. Тоа е нашата сила од памтивек: да знаеме да страдаме во рововите, квалитетот сам по себе не е доволен. Тоа сакам да го всадам кај моите играчи, а тие мора да го извлечат од себе.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Евро-фудбал
Бешикташ го купува Давид Алаба?

Интернационалци
Трабзонспор отвора врата за трансфер на Столе Димитриевски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
