Тренерот на италијанскиот калчолигаш Аталанта, Џанпјеро Гасперини, се соочува со можна суспензија во финишот на сезоната во Серија А, и тоа на барање на Националната Антидопинг Агенција. Шефот на стручниот штаб на Аталанта ги спречил службениците за антидопинг да извршат проверка на четворица фудбалери на неговиот тим на 7 февруари оваа година. Поради тоа би можел да биде суспендиран на 20 дена во извршувањето на редовните обврски.
Вработените лица во Националната Антидопинг Агенција влетале на тренингот на Аталанта на 7 февруари, а Гасперини ги упатил на трибините, да почекаат да заврши тренингот, а дури потоа да земат примероци од урина. Сепак, овие службени лица имаат дозвола веднаш и ненајавено да ги извлечат фудбалерите и да го добијат бараниот материјал за допинг – контрола.
Откако не добиле дозвола од тренерот Гасперини, тие се обратиле кај тимскиот доктор кој сепак издал дозвола фудбалерите веднаш да го напуштат тренингот. Но, Гасперини е пријавен како лице кое ја отежнувало процедурата за што би можел да биде суспендиран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













