
Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за новиот квалификациски циклус. Нашата селекција новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2027 го започнува со гостување во Полска на 5. септември, а потоа на 9. септември во Битола ќе ја пречекаме Италија.
Фудбалерите на Горан Станиќ во првите две кола ќе се соочат со фаворитите во групата, што за нас е само дополнителна мотивација. Младите надежи на стадионот „Борис Трајковски“ го одработија првиот тренинг.
„Нормално е да се надеваме на големи работи и борба за првите места на табелата. Имаме голем предизвик пред себе, играме против две многу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија. Ние, од друга страна, како генерација имаме многу квалитет и голем мотив да одиграме најдобро. Одлично се подготвуваме и секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим, што е многу важно за тимскиот дух. На тренинзите и на натпреварите се чувствува сплотеност и желба, а тоа многу значи. Одиме да се надигруваме со сите, одиме да победуваме и да им донесеме радост на навивачите“, изјави Матеј Гаштаров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
