Connect with us

Галјардини го менува клубот, но не и Милано

Италијанскиот калчолигаш Милан би можел сериозно да „пазари“ во соседството во летниот преоден рок. По Д’Амбросио, во игра влезе уште еден фудбалер на Интер кој би можел да се пресели кај градскиот ривал Милан. Се работи за фудбалерот за врска Роберто Галјардини.

На Пиоли му е потребен искусен играч за врска кој би играл покрај Франк Кеси, а изборот падна на Галјардини.

Интер го вреднува Галјардини со 15 милиони евра. Тој одигра 30 натпревари за „нероаѕурите“ оваа сезона, постигна два гола и забележа две асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови